Ал-Наср се пласираше во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија откако со 2:1 славеше над Ал-Итихад. Победата е уште поважна ако се знае дека е остварена со играч помалку.
Во 25 минута Садио Мане беше во напад и во обид да го загрози голот на противникот. Во еден момент, Мане кој беше во дуел со еден противнички играч, несакајќи го нагази голманот кој истрча да интервенира.
Делуваше дека не се работи за сериозен старт, ниту повреда на голманот, но главниот судија реши да гледа ВАР повторена снимка, а потоа и да му даде директен црвен картон на Мане, но не можеше да верува зошто е исклучен.
Целата ситуација може да ја видите ТУКА.

