Мане: Не признаваме замор, ние сме Ливерпул

На европскиот првак Ливерпул му претстојат бурни 43 дена во кои ќе треба да одигра 14 натпревари. Само во декември Црвените ги очекуваат девет меча на четири фронта, меѓутоа според Садио Мане густиот распоред не може да биде изговор доколку се случат разочарувања за гигантот од „Енфилд“.

„Сè е во психата. Уморни сме само затоа што така сметаме. Искрено сметам дека нашите тела може да го издржат секој напор само ако пристапиме правилно. Ќе го поднесеме секој предизвик, па, ние сме Ливерпул. Имаме многу играчи кои може да бидат клучни во секакви ситуации, високото ниво на игра можеме да го одржиме до крај, а и мораме, ако сакаме да освојуваме трофеи“, истакна Мане.

Ливерпул утре го вгостува Брајтон во рамки од 14-тото коло во Премиер лигата, меч во кој тимот на Јирген Клоп ќе се обиде да ја одржи серијата без пораз и по 14 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести