Мане против Салах во битка за прв стрелец на Премиерлигата

Клупските колеги од Ливерпул, Мохамед Салах и Садио Мане, се првиот тандем во Премиерлигата по пауза од пет години, во кој двајца постигнале барем по 20 гола во иста сезона, и тие сега се борат за „златната копачка“ во англискиот шампионат.

Сега Египќанецот Салах е лидер на листата на стрелци со 21 гол, а веднаш зад него е Мане со 20. Сметките може да им ги замрсат Серхио Агуеро и Пјер Емерик Обамејанг, но интересно ќе биде кој од играчите на Ливерпул ќе ја добие трката.

Пет сезони поминаа откако еден тим во Премиерлигата има двајца играчи со 20+ голови. И пред пет сезони тоа беше Ливерпул, со Луис Суарес и Даниел Стариџ. Пред тоа, во сезоната 2009/2010, Дидие Дрогба и Франк Лампард од Челзи имаа над 20 гола, а Луј Саха и Руд Ван Нистелрој од Манчестер јунајтед во 2003/2004. Ова се единствените случаи во 21 век кога двајца соиграчи биле кандидати за признанието прв стрелец во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести