Мане се пишмани, сака да се врати во Ливерпул

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане, сака по само една сезона во Бундеслигата, да се врати во Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.

Според медиумите, Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане по поразот од Манчестер сити во четвртфиналето од ЛШ е последица од фрустрациите на Сенегалецот.

Наводно, негова желба е да се врати назад во Ливерпул за кого играше шест години пред минатото лето да се пресели во Баерн.

Ниту баварците немаат ништо против оваа идеја и се подготвени за 20-тина милиони евра да продадат на Ливерпул. Мане е толку очаен да се врати на „Енфилд“ што е подготвен да се откаже од дел од платата, но прашање е дали Ливерпул е заинтересиран за него.

Црвените минатото лето веќе донесоа замени за Сенегалецот, Дарвин Нуњес беше купен од Бенфика, а Коди Гакпо од ПСВ, а тука е и Луис Дијас кој конечно се опорави по тешката повреда.

- Оглас -

Најнови вести