Марадона стана опасен гостин во Аргентина (Видео)

Диего Армандо Марадона донесе свежина во тимот на Гиманзија Ла Плата, а тој и неговиот тим станаа опасни гости со две победи по ред во аргентинското првенство.

Гимназија Ла Плата со легендата на клупата како тренер забележа нова победа на гостински терен, втора по ред, а декласиран е Њуелс олд бојс со 4:0.

И што е најважно за Гимназија Ла Плата и тренерот Марадона, веќе не се фенерџии во Лигата, со сериозни знаци на подобрување на формата.

Претходно, славеа на гостински терен против Годој Крус со 4:2, а вчеравечер го декласираа и Њуелс олд бојс, повторно со 4 постигнати голови на гостински терен.

Марадона има уште многу работа за да се избегне најлошото, испаѓање во понизок ранг, но има знаци на подобрување на формата на неговиот тим откако тој пристигна како тренер во познатиот аргентински клуб.

Контин, Каире, Тијановиќ и Гарсија ја наполнија мрежата на Њулес одл бојс, што може да ја радува легендата на светскиот фудбал.

Newell’s Old Boys 0 – [4] Gimnasia y Esgrima L.P.| 56′ M. García | Olympic goal from soccer

- Оглас -

Најнови вести