Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, жестоко ги нападна челниците на аргентинскиот фудбал. Марадона е незадоволен посебно по последниот пораз на „гаучосите“ во дуелот со Венецуела од 1:3. Тоа беше само втор пат во историјата, Венецуела да ја победи Аргентина и тоа со Лионел Меси во составот.
„Аргентина? Не сакам да гледам хорор филмови. Беспомошната група на луѓе раководат со националниот тим мислеше дека ќе ја победат Венецуела. Како може да се толку луди за да помислат такво нешто. За жал Аргентина не може никого да победи. Тие играчи не го заслужуваат националниот тим. Ги жалам сите Аргентинци што уште веруваат во тие лажливци. Многу сум тажен поради ова што се случува“, рече Марадона.