Видео снимено во Аргентина стана вистински хит во светот. Една девојка ги снимила облаците и вели дека покојниот Диего Армандо Марадона се појавил на небото. Неговата силуета, како што вели девојката, се појавила во облаците, и тоа во дресот на аргентинската селекција со бројот 10.
Навистина обликот на облаците е необичен, а Аргентинците кои жалат за својот фудбалски Бог, сакаат ова да го толкуваат како ликот на Марадона во дресот на Аргентина.
Погледнете што сними девојката од својот балкон: