Мареј го критикуваше Јокиќ па доби шлаканица од навивачите

Никола Јокиќ деновиве треба да пристигне во САД од Србија и да им се приклучи на соиграчите од Денвер во Светот на Дизни во Орландо каде ќе се игра плејофот за титулата во НБА лигата.

Најавата за негово скорешно пристигнување веднаш ги разгоре страстите, а неочекувано лошо реагираше соиграчот од Денвер Џамал Мареј.

„Се надевам дека нема Коронавирус. Се надевам дека е така и дека нема да зарази никого кога ќе пристигне овде. Би било добро да ги имаме сите кошаркари на располагање“ изјави бекот на Денвер и веднаш доби шлаканица од навивачите, кои застанаа во одбрана на Јокиќ.

„Дали е Џамал глупав? Каква е оваа изјава? Се надевам дека се шегува, ианку ќе биде лошо за Денвер“, напиша на Твитер еден симпатизер на Нагетс.

Има многу негативни коментари на изјавата на Мареј, а топката се обиде да ја спушти тренерот Мелоун.

„Едвај чекаме Никола да ни се приклучи во Орландо. Разговара со него повеќепати и знам дека се радува на почетокот на плејофот. Здрав е, се чувствува одлично и го очекуваме во некој одследните денови во Орландо“, изјави Мелоун.

Денвер го очекува рестартот на сезоната закажана за 30. јули како третопласирана екипа во Западната конференција, што значи дека веќе е во првото коло на плејофот.

Според новиот формат најдобрите четири екипи од двете конференции до прекинот на сезоната се директно во првото коло, а останатите од петотото до 12. место ќе играат меѓусебе за настап во првата рунда.

- Оглас -

Најнови вести