Мареј: Сакам да играм меч во пет сета, а да немам болки

Енди Мареј нема да биде меѓу носителите на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Ќе мора уште во првите кола да се сретне со некој од фаворитите, но негова главна желба му е да нема болки.

Мареј кон крајот на сезонава се врати на тениските терени, иако за време на долгата пауза размислуваше и за повлекување. Веројатно никогаш нема да биде на топ нивото кое го имаше пред операцијата на колкот, па затоа и амбициите му се поскромни.

„По операцијата никогаш не сум играл меч во пет сета, а баш би сакал. На Отвореното првенство на Австралијан сакам да играм пет сета, а да не трпам болки. Тоа за мене би бил голем успех и голем чекор. Сега сум 120-ти на АТП-листата, можеби во првото коло ќе ме извлечат да играм со Ѓоковиќ или Федерер. Не верувам дека би можел да ги победам во пет сета, па затоа најдобро би било да ги избегнам“, изјави Мареј.

- Оглас -

Најнови вести