Мареј со победа која му обезбеди место покрај Федерер, Ѓоковиќ, Агаси и Надал

Искусниот 36-годишен Енди Мареј победнички го започна АТП Мастерс 500 турнирот во Дубаи откако по голема борба го победи Денис Шаповалов. Мареј славеше со пресврт и на крајот се радуваше со 4:6, 7:6 (5), 6:3.

Оваа победа и немаше да биде толку значајна ако не беше јубилејна. За Мареј ова беше 500-ти триумф во кариерата на тврда подлога. Тој е само петти тенисер со ваков успех, приклучувајќи се во друштво на Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Андре Агаси и Рафаел Надал.

https://twitter.com/i/status/1762136280824009053

 

- Оглас -

Најнови вести