Денвер нагетс ја оствари десеттата победа по ред над ЛА лејкерс откако во драматичен финиш со поените со звукот на сирената на Џамал Мареј утринава славеше со 101:99. Сега Денвер има 2-0 во победи во првата рунда од плејофот во НБА-лигата.
https://twitter.com/i/status/1782630073633296413
„Ср*ње, не знаеме што треба да направиме“, изјави тренерот на Лејкерси, Дарвин Хам, на прашањето како да се одбранат од Никола Јокиќ.
Лејкерси ја имаа победата в џеб, во третата четвртина водеа со 19 поени предност, но шампионот успеа да се врати и по поените на Џамал Мареј во финишот израмни на 99:99.
Во следниот напад, Леброн Џејмс не погоди, по што Денвер доби шанса во последниот напад да дојде до победата и Мареј со звукот на сирената беше прецизен за 101:99 и втора победа во серијата. Мареј мечот го заврши со 29 поени, додека Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.
Серијата се сели во „Критпо.ком арената“ во Лос Анџелес, каде што ќе се играат следните два натпревари.
И на останатите два меча кои се играа утринава славеа домаќините и водат со 2-0 во победи.
Кливленд кавалирс со 96:86 го совлада Орландо меџик. Донован Мичел со 23 поени и осум скока беше најдобар кај Кливленд, додека во редовите на Орландо најпрецизен беше Паоло Банкеро со 21 поен.
На Филаделфија сиксерс не и помогна одличната партија на дуото Тајрис Макси – Џоел Ембид кое постигна 69 од вкупно 101 поен, бидејќи Њујорк победи со 104:101 и во „градот на братската љубов“ оди со предност од 2-0 во победи.