Марино ќе им биде тренер на Несторовски и Трајковски ако останат во Палермо

Пасквале Марино е нов тренер на Палермо и ќе им биде кормилар на Илија Несторовски и на Александар Трајковски на патот до Првата лига, секако само ако нашите репрезентативци останат во клубот од Сицилија и следната сезона.

Марино ќе биде официјално претставен денеска, а доаѓа од Специја. Палермо ќе му бид 15-ti клуб каде [to бил шеф на стручен штаб, но се работи во поголемиот дел за помали клубови, освен Удинезе, Парма и Џенова, каде што исто така беше тренер.

Најголемиот успех 56-годишниот стручњак го имаше во Катанија, во сезоната 2005/06, кога по 20 години пауза успеа да го врати клубот во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести