Фудбалерот на Астон вила, Марко Асенсио, е во извонредна форма откако оваа зима пристигна на позајмица во Англија од Пари Сен Жермен.
Тој феноменално добро се вклопи во системот на игра на Унаи Емери и веќе постигна седум гола во дресот на Вила, од кои два синоќа во реваншот во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Сега Шпанецот се соочува со малку непријатна ситуација, во четвртфиналето на Лигата на шампионите неговиот тим ќе се соочи против нивниот матичен клуб со којшто е под договор, ПСЖ.
Многумина се запрашаа дали Асенсио ќе може да игра на тој натпревар? Одговорот е да. Договорот за позајмица меѓу двата клуба не вклучува клаузула која му забранува да игра во случај да се сретнат. Ова може да се покаже како превид на парижаните, особено ако испаднат со некој гол или асистенција на Асенсио.