Марко Ројс дефинитивно е најмалерозниот фудбалер на денешницата

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, нема да учествува на претстојното Светско првенство во Катар поради повреда која ја здоби на последниот меч за својот тим.

Со оваа повреда на неполни две недели пред почетокот на Мундијалот во Катар, Ројс го потврди епитетот на најмалерозен фудбалер на денешницата.

Тој поради повреда не настапи на Светското првенство во Бразил 2014 година, кога Германија по четврти пат ја освои титулата, а исто така ги пропушти и последните две континентални првенства, ЕВРО 2016 и ЕВРО 2020. Единствено големо натпреварување на кое играше беше СП во Русија 2018, но Ројс и Германија не се прославија и испаднаа уште во групната фаза.

Овојпат Марко Ројс нема да биде дел од германската репрезентација поради повредата на глуждот, која извесен период ќе го оддалечи од терените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести