Марко Ројс го продолжи договорот со Борусија Дортмунд на уште една сезона, објавија од германскиот бундеслигаш на социјалните мрежи. Останувањето на 33-годишниот Ројс во Дортмунд беше доведено во прашање и постоеше опасност по 11 сезони, тој да си замине. Навивачите постојано правеа притисок и го критикуваа раководството, кое на крајот успеа да се договори со легендата на Борусија тој да остане барем уште една сезона во нивните редови.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1651577785071067139?s=20
Ројс во Борусија Дотмунд пристигна од Борусија Менхенгладбах пред 11 години, за клубот одигра 382 натпревари, на коишто постигна 161 погодок и беше шампион на Германија во сезонатата 2011/2012. Овој успех може да го повтори и оваа сезона бидејќи клубот од Дортмунд е лидер во првенството пред Баерн Минхен.