Борусија Дортмунд има нов капитен во следната сезона. Досегашниот капитен, фудбалер со најдолг стаж во клубот и прв стрелец во историјата на клубот, Марко Ројс, одлучил доброволно да ја препушти лентата на некој друг, а тоа го соопшти во видеопорака на која се појавува со жолта коса.
„За време на летниот одмор имав време да размислам за ова прашање и решив да се откажам од капитенската лента, која имав задоволство и чест да ја носам пет години. Ги информирав тренерот Терзиќ и директорот Кел. Сигурен сум дека ќе најдат соодветен мој наследник”, вели Ројс во пораката.
https://twitter.com/i/status/1676976799438508033