Марко Ројс е блиску до трансфер во американскиот тим ЛА галакси, а потписот треба да се случи за неколку дена, најавува познатиот новинар и експерт за трансфери, Фабрицио Романо.
Клубот од Лос Анџелес испратил најдобра понуда до Ројс и во клубот се убедени дека Германецот за некој ден, откако ќе размисли уште малку, ќе им каже „Да“ и ќе им се приклучи како слободен играч, откако летово ќе се раздели со Борусија Дортмунд, во која играше 12 сезони.
За Ројс има интерес и од саудиски клубови, но тој преферирал преселба во САД.