Марко Ројс конечно ја освои првата титула, сега Кејн дефинитивно е малерот број 1!

Германскиот ветеран Марко Ројс конечно на 35-годишна возраст го разби малерот и ја освои првата титула во кариерата.

Играјќи за Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, тој не успеа да освои шампионски трофеј во Германија, иако неколку пати беше блиску до тоа, но трансферот кој го направи летоска, му донесе среќа. Ројс сега е член на Галакси од Лос Анџелес, кој рано утрово стана првак на МЛС лигата.

Сега откако Ројс конечно на 35 години првпат почувствува како е да се биде шампион,„титулата“ најголем малер без титула од актуелните ја има Хари Кејн кој после долги години играње во Тотенхем, сега е во Баерн и има добра прилика сезонава и тој да освои прв шампионски трофеј. Лигашка титула немаат ни други ѕвезди како Антоан Гризман, и некогашните ѕвезди Стивен Џерард, Фернандо Торес, Даниеле Де Роси, Боби Мур, Гери Линекер…

- Оглас -

Најнови вести