Легендарниот германски фудбалер Марко Ројс се реши за нов предизвик во кариерата, и тоа на 35 години. Ројс во текот на целата досегашна кариера играше во Германија, а најголем дел помина во дресот на Борусија Дортмунд, каде што е миленик на навивачите. Претходно играше и за Борусија Менхенгладбах.
Ројс сега прави трансфер не само надвор од Германија, туку и надвор од Европа. Тој ќе биде нов играч на Лос Анџелес галакси. Во тимот на Галакси летово дојде уште една голема ѕвезда од европскиот фудбал, а тоа е Оливие Жиру од Милан.
🚨🇺🇸 EXCL: LA Galaxy are closing in on deal to sign Marco Reus as free agent!
Final details being sorted, still some work to do with player and his camp but LA Galaxy now close to getting it done.
Reus, ready to move to MLS 🇩🇪
Here we go, expected soon. pic.twitter.com/A9SUjmNe3j
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 17, 2024