Марко Ројс веќе ја знае следната дестинација каде ќе ја продолжи кариерата

Марко Ројс цели 12 години помина во тимот на Борусија Дортмунд, а до крајот на неговата приказна со Милионерите има уште еден меч, тој во финалето од Лигата на шампионите. По завршување на дуелот на „Вембли“ на 1 јуни, Ројс ќе биде слободен играч и ќе одбере нов предизвик.

Според најавите, многу веројатно е дека американската МЛС е следната дестинација за Ројс. Екипите на Шарлот и Лос Анџелес галакси се најголемите кандидати за добивање на потписот на искусниот играч за врска.

Од екипата на Шарлот веќе неколку месеци имаат контакт со Ројс и моментално е најблиску до потписот на Ројс.

Ројс во дресот на Борусија Дортмунд одигра 428 натпревари, во кои постигна 170 гола, а имаше и 131 асистенција.

 

- Оглас -

Најнови вести