Маркус Смарт од Бостон и двајца кошаркари на Лос Анџелес лејкерс имаат Коронавирус

Маркус Смарт од Бостонс селтикс објави дека има Коронавирус веднаш откако ги добил резултатите од тестот што го направил пред пет дена.

Објавено е и дека двајца кошаркари на Лос Анџелес лејкерс исто така имаат Коронавирус, но нивните имиња сè уште не се објавени.

Епидемијата брзо се шири и во Соединетите Американски Држави, а ноќеска и Денвер нагетс информираа дека има еден член од клубот што има Ковид-19, исто како и Филаделфија 76, каде што има тројца заразени со вирусот, но не е познато дали меѓу нив има и кошаркари.

 

- Оглас -

Најнови вести