Марокански новинар за малку ќе добиеше срцев удар од радост по победата над Шпанија (Видео)

Фудбалерите на Мароко вчера го приредија најголемото изненадување на Светското пренство во Катар со елиминацијата на Шпанија по подобро изведување на пенали, а на трибините новинар од оваа африканска земја за малку ќе добиеше срцев удар.

Ашраф Хакими со голот во четвртата серија во пенал рулетот го однесе Мароко во четвртфиналето, но вистински херој е голманот Боно кој одбрани дури три пенали од шпанските фудбалери.

По големата победа, нема сомнежи дека сите Мароконци паднаа во делириум, а како изгледаше нивната среќа, најдобро покажа еден новивар од оваа земја кој од трибините на „Едукејнш сити“ стадионот, кој за малку ќе добиеше срцев удар.

Тој прво викаше од среќа во микрофонот, а потоа се фати за главата, заплака и падна на подот. Сепак, успеа да се созеде и потоа во неверување ги бришеше солзите.

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе игра против Португалија, која пак со 6:1 ја совлада Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести