Мароко првпат победи некого на пенали, и тоа на каков начин!

Трета среќа! Фудбалската репрезентација на Мароко само по трети пат играше на пенали на некое натпреварување и првпат победи.

Мароканците беа послаби пеналџии од Алжир во 1988 и од Бенин во 2019 година, тоа беа нокаут-дуели од Африканскиот куп на нациите, а кога најмногу требаше, за да влезат во историја како четврти африкански тим кој се пробил до четвртфинале на СП, триумфираа, и тоа без противникот да им даде гол во пенал-серијата.

Шпанија се посрамоти во пенал-рулетот, ги утна сите три обиди и стана втор тим на Мундијалите по Швајцарија од 2006 година против Украина кој не реализирал ниту еден удар од белата точка во пенал-серија.

- Оглас -

Најнови вести