Марсеј тргнува со победа во француската лига

Брест – Марсеј (фудбал, Франција, 21.00 часот)

Брест имаше кошмарен старт на сезоната, загуби 0-4 од просечниот Ним, па овојпат мора да се вадат за таа слаба игра, но противникот е силен. Марсеј не играше во првото коло, и ова им е прв официјален меч сезонава. Пред 20 дена, Марсеј го победи Ним со 1-0, а кон крајот на јули играше контролка и против Баерн, дуел на кој загуби само со 0-1. Марсеј од 2012 година нема гостувано во Брест. Традицијата ги фаворизира гостите, но најчесто тоа биле минимални победи на некогашниот европски првак.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

АЕК Ларнака – АПОЕЛ (фудбал, Кипар, 19.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои во првото коло одиграа мечеви со 3+ голови, со тоа што АЕК победи со 2-1, а АПОЕЛ ремизираше 2-2. Тричковски, Мојсов и Спировски ќе одат на нова победа, но АПОЕЛ е тим кој против кипарски тим не загубил уште од крајот на февруари. АПОЕЛ пред три дена играше на Косово и победи во дуел од квалификациите во Лига Европа. Овие два тима играа меѓусебе пријателски меч на 7 август, тимот од Никозија победи со 1-0, а и последните четири лигашки пресметки им завршија со 0-1 гол.

Предлог тип: Х (2.95)

 

АЕК – Олимпијакос (фудбал, Грција куп, 20.00 часот)

Финалето на грчкиот куп може да му донесе двојна круна на Олимпијакос. Во полуфиналето, АЕК и Олимпијакос елиминираа солунски тимови. Олимпијакос е подобар тим, а тоа го докажа и во последното коло од минатата сезона, кога на 19 јули го надигра АЕК со 3-0. АЕК од 2018 не го победил Олимпијакос. Во 2020 година, овие тимови играа трипати еден против друг, а АЕК за 270 минути игра даде само еден гол.

Предлог тип: 2 (2.28)

 

Викинг – Молде (фудбал, Норвешка, 20.30 часот)

Сезоната во Норвешка дојде до својата половина, па може да се каже дека Молде се бори за титула и излез на европска сцена, а Викинзите за опстанок. Двата тима имаат по неколку повредени играчи, а и едните и другите имаат и серија по три меча без пораз. Викинг на три меча по ред дава барем два гола, а силата на Молде е во цврстата одбрана, што им помогна да добијат два европски меча. Проблем за Викинг може да биде и комплексот кој го имаат кога играат против Молде. Последните пет меѓусебни дуели завршија со победи на Молде, а од тие пет меча, четири беа многу ефикасни, со барем пет голови.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

Базел – Јанг Бојс (фудбал, Швајцарија куп, 17.30 часот)

Финалето на Купот на Швајцарија се игра на стадионот на Базел и тоа може да биде предност за домашните. Лигата заврши пред речиси еден месец, во меѓувреме Базел и Јанг бојс играа по неколку меча меѓу кои и четвртфинале и полуфинале во купот. Јанг бојс има убава победничка низа од девет триумфи по ред, а на последните четири меча и даваше и примаше гол. На 11 јули, истотака на „Сент Јакуб парк“, овие тимови играа лигашки меч, во кој Базел победи со 3-2.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Селтик – Мадервел 1-3 I & 1-3 II (1.90)

Војводина – Партизан Х2 & 2-4 (2.30)

Брест – Марсеј ГГ прво/второ (2.40)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести