Плејофот во кошаркарската универзитетска НЦАА лига во САД, популарното „мартовско лудило“, често носи интересни мечеви и ситуации, а така беше и синоќа на дуелот помеѓу Универзитетите Индијана и Сент Мерис.
Топката се заглави над таблата, а прво судијата се обиде да дојде до баскетот, но краток му беше џогерот за бришење на паркетот. Тогаш на сцена стапи чилидерската група.
Со циркуски потег, една од мажоретките се искачи до баскетот и успеа да го дофати и да го симне. Оваа „акција“ предизвика повеќе овации од било било кошаркарски потег на мечот:
https://twitter.com/i/status/1504620808328556563