Масакр на спортски меч: Бомбаш самоубиец уби 19 луѓе на стадион (Видео)

Ужасни вести дојдоа од Авганистан, каде на еден крикет натпревар, во терористички напад, загинаа најмалку 19 луѓе. Трагедијата се случи на стадион во Кабул, додека играле екипите на Банд е Амир Драгонси и Памир Залми, во скратената верзија на крикет Т20.

Во еден момент, на трибините се слуша експлозија, а преплашените навивачи бегаат за да се спасат.

Засега, ниту една терористичка група не ја превзема одговорноста за нападот. Во Авганистан не е реткост да има терористички напади, но сепак, тоа ректо се случувало на спортски настан како сега.

- Оглас -

Најнови вести