Масар Омерагиќ и официјално е кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија и тоа како предлог на Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе. Омерагиќ ја доби довербата на делегатите на ОФС Свети Николе, кои со 16 гласа го поддржаа и со тоа ја официјализираа неговата кандидатура за претседател на ФФМ.
Вонредното изборно собрание на ФФМ ќе се одржи на 22-ри декември, откако досегашниот претседател, Муамед Сејдини, одлучи да се повлече од функцијата на 17-ти ноември и да распише вонредни избори за нов претседател.
Омерагиќ изминатите денови јавно беше поддржан и од најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев, како и од легендите Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Гоце Седлоски …