Машала, Салах сака да го стигне Роналдо, бара неделна плата од пола милион фунти

Мохамед Салах има актуелен договор со Ливерпул до 2023 година, но Црвените од „Енфид роуд“ сакаат да го задржат и според англиските медиуми, ќе мораат да му понудат неделна плата од 500.000 фунти за продолжување на договорот.

Толкави се барањата на Салах и неговиот менаџер, а ако Ливерпул прифати, тогаш Фараонот ќе го стигне Кристијано Роналдо и ќе биде најплатен играч со него во Премиер лигата.

Роналдо има околу 500 илјади фунти неделни приходи во Манчестер јунајтед, а блиску е и Кевин де Бројне од Манчестер сити, па Салах би се вметнал меѓу нив.

Египќанецот игра феноменален фудбал подолг период, а во редовите на Ливерпул пристигна од Рома во 2017 година, во трансфер што чинеше околу 43 милиони фунти.

Со Ливерпул освои четири пехари, од кои двата во Лигата на шампионите и во Премиер лигата се исклучително важни и вредни и за него и за клубот.

Има и цела низа од индивидуални признанија, а постојано е во врвот на англиското првенство како еден од најдобрите стрелци во една од најсилните фудбалски лиги на светот.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести