Самураите останаа без муниција – Машинеријата со просек шест гола на меч загуби од апсолутен аутсајдер

Репрезентацијата на Оман приреди првокласна сензација со победа од 1:0 против Јапонија на гостувањето во Суита. Ова им е прва победа против популарните Самураи во досегашните 12 меѓусебни дуели, а ја забележаа со голот на Исам ал Саби во 88-мата минута.

Јапонија беше една од селекциите што блескаше во 2021 година со сите шест победи и со неверојатна гол-разлика од 37:2. Во просек постигнуваа над шест гола на меч, што е невиден просек, но денеска на стартот на азиските квалификации за Мундијалот во Катар потфрлија и го почнаа циклусот со сензационален пораз.

Се очекуваше сигурна победа на домаќините, седма по ред во 2021 година, но до седмица стигнаа гостите од Оман.

Оман има само еден пораз на 11 меча во 2021 година, а ова е еден од најголемите успеси на оваа репрезентација. Во Б групата се уште четири селекции, а првите две ќе играат на СП во Катар, додека третопласираната ќе игра бараж за уште едно место на Мундијалот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести