Маскотата на Денвер е со неверојатна годишна плата

Денвер нагетс е во исчекување на најголемиот успех во клупската историја, а тоа е освојување на првата НБА титула. Тимот кој е предводен од српскиот центар Никола Јокиќ води со 1:0 во победи против Мајами, а шампион ќе биде екипата која прва ќе стигне до четири триумфи.

Атмосферата во Денвер е загреана на највисоко ниво, а меѓу најзаслужните за тоа е и маскотата на клубот. Популарниот Роки е најплатениот забавувач во НБА лигата и има феноменална годишна плата од 625.000 долари.

Веднаш зад маскотата на Денвер, е маскотата на Атланта хоукс. Популарниот Хари годишно добива по 600.000 долари за да ги забавува гледачите во салата во Атланта.

Следен на оваа листа е бикот Бени од Чикаго кој годишно добива 400.000 долари, додека горилата Го на Феникс санс е со годишна заработувачка од 200.000 долари. Во Топ 5 е и маскотата на Шарлот, стршленот Хуго кој годишно заработува 100.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести