Маскотата „Зоро“ мораше да го теши навивачот кој доби „корпа“ од девојката што ја побара за жена (Видео)

Мажите се повеќе се охрабруваат на јавни настани да ги побараат своите девојки за жени, но сѐ повеќе се случува и девојките да речат „не“. Едно такво разочарувачко барање за жена се случи на дуел од мексиканското првенство меѓу Атлас и Монтереј.

На полувремето од мечот, навивач на домашниот тим одлучи пред илјадници навивачи реши да ја побара својата девојак за жена. Дечкото се обиде да направи шоу во кое беше вклучена и маскотата на домашниот тим „Зоро“.

Сепак, кога дечкото клекна на колена, девојката рече „не“ и побегна, оставајќи го својот партнер разочаран. Дечкото на крајот се расплака, а тука беше маскотата „Зоро“ да го утеши.

- Оглас -

Најнови вести