Масовни протести пред Олимпискиот стадион во Токио за време на свечената церемонија (видео)

Масовни протести има пред Олимпискиот стадион во Токио додека во него се одржува свечената церемонија за отворањето на 32-то издание на Летните Олимписки игри.

Голем дел од жителите на главниот јапонски град веќе извесно време протестираат за Игрите да не се одржат додека надвор корона-вирусот прави раздор и одзема животи, а се вршеа притисоци за Игрите целосно да се откажат, иако истите требаше да се одржат лани и беа одложени за ова лето.

Игрите ќе се одржуваат без публика поради што во Токио има голем број на заразени со ковид-19 и освен за спортистите, забранет е влез за туристи.

- Оглас -

Најнови вести