Матео се радуваше на егзекуцијата на Фекир, на тато Лео тоа не му се допадна (видео)

Дел од камерите на „Камп ноу“ задолжени за преносот на мечот меѓу Барселона и Бетис повеќе беа заинтересирани што прави Меси на трибините додека го гледа неговиот тим како ја полни мрежата на гостите од Андалузија.

Така уловија бесценет момент кога Набил Фекир ја затресе мрежата на Тер Штеген за 1-0 во корист на гостите. Помалиот син на Меси, Матео, скокна од радост по погодокот на Французинот, а потоа Меси и Суарес мораа да му кажат дека не смее да навива за противничкиот тим.

Но, насмеаното лице на Матео кажува дека воопшто не му е грижа дали Барселона е во негатива или не, важно е дека нему му беше забавно.

https://twitter.com/Vida_Blaugrana/status/1165970880826093568

- Оглас -

Најнови вести