Фекир ја „смрзна“ Барса, Бетис води на „Камп ноу“ (видео)

Бетис води со минимални 1-0 против актуелниот шпански првак Барселона, во мечот од второто коло во Ла Лига кој во овие моменти се игра на „Камп ноу“. Гостите дојдоа до резултатска предност благодарение на новата ѕвезда Набил Фекир, кој ја отвори средбата во 15-тата минута.

Избраниците на Хоан Руби ја искористија првата своја шанса на мечот, а проигрувањето на Лорен до Фекир беше мат позиција за Тер Штеген. Барселона иако статистички доминира во првите триесетина минути, засега нападот кој го предводи Гриезман, но ги нема Меси и Суарес, не функционира.

https://twitter.com/yarigavedeo2019/status/1165704994194112512

- Оглас -

Најнови вести