4.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Матета доби дебитантски повик во селекцијата на Франција

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го објави списокот на фудбалери повикани за светските квалификации против Азербејџан на домашен терен на 10 октомври и гостувањето кај Исланд три дена подоцна.

Посебно внимание привлекува повикот на напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, кој има четири гола во десет натпревари од почетокот на сезоната. 28-годишниот фудбалер досега настапувал единствено за младинскиот и олимпискиот тим на Франција.

Во тимот се враќаат напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, и крилото на Монако, Манес Аклиуш. Поради повреди, ќе отсуствуваат играчите на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле и Дезире Дуе, Маркус Турам од Интер, како и офанзивниот фудбалер на Манчестер сити, Рајан Шерки.

Франција го започна квалификацискиот циклус за Светското првенство со две последовни победи.

- Оглас -

Најнови вести