Матиќ беше во право, Онана е виновен за 8 примени гола откако е на голот на Манчестер

Манчестер јунајтед пропушти победа против Лион во натпреварот од Лигата на Европа, францускиот тим изедначи на 2-2 во 95-тата минута по една несигурна интервенција на голманот Андре Онана, кој ја одби топката по шутот на Микаутадзе, а натрча Шерки и постигна гол.

И при првиот гол на Лион, кога едно нафрлување заврши како гол, се чини дека Онана можеше и мораше да реагира подобро.

Според Опта, Онана има направено осум грешки кои придонеле за примен гол од почетокот на минатата сезона наваму, ниту еден друг премиерлигашки голман нема толку киксеви во наведениот временски период.

Пред натпреварот со Лион, Онана изјави дека Јунајтед е значително надмоќен во однос на Лион, а Немања Матиќ, кој синоќа остана на клупата за резерви кај Лион, му одговори на Онана дека е еден од најслабите голмани во историјата на Јунајтед.

Менаџерот Рубен Аморим застана во одбрана на Онана и рече дека тој лично има направено повеќе грешки од Онана и дека кога се прима гол, сите се виновни, не само голманот.

По мечот, Матиќ на „Инстаграм“ го „пецна“ Онана и објави фотографија од синот кој позира со дрес на резервниот голман на Црвените ѓаволи, Том Хитон.

 

- Оглас -

Најнови вести