Мавтањето со пиштол во стриптиз бар го „однесе“ во клиника и го чини 39 милиони долари

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џа Морант, поради носење огнено оружје и покажувањето во стриптиз бар додека се снима, остана без 39 милиони долари.

Морант на почетокот од месецов се снимаше во стриптиз бар во Колорадо и притоа мавташе со пиштол. Според законите на сојузната држава Колорадо, тоа не е казниво дело, но според правилата на НБА, е прекршок. Тој кога патува заедно со останатите кошаркари од тимот, не смее да носи огнено оружје во јавност.

Претходно беше откриено дека Морант минатата година за време на партија баскет претепал 17-годишно момче, а потоа му се заканувал со пиштол.

Мемфис го суспендира Морант и го испрати на Флорида во болница на лекување и притоа му го ревидира договорот, односно го намали за 39 милиони долари.

Морант пред почетокот на сезоната потпиша петгодишен договор со Мемфис вреден 194 милиони долари, но сумата може да достигне 233 милиони доколку кошаркарот биде избран во идеалната петорка на лигата. По серијата скандали, клубот одлучи да ја тргне оваа клаузула, а Морант до суспензијата беше еден од главните фаворити за МВП признанието.

- Оглас -

Најнови вести