Мбапе го имитираше аргентинскиот голман со непристојниот гест (Видео)

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го имитираше скандалозниот гест на Емилијано Мартинес од Светското првенство во Катар.

Мбапе беше снимен на излегување од тренинг-базата на ПСЖ со наградата за играч на месецот во француската Лига 1 и на шега ја стави кај меѓуножјето, во стилот на Мартинес, кој тоа го направи со наградата за најдобар голман на Мундијалот пред милионски аудиториум по финалето на СП.

- Оглас -

Најнови вести