Мбапе кажа каде ќе игра следната сезона и најави лов на трофеи

Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, ги отфрли шпекулациите дека ова лето би можело да го напушти францускиот првак. Мбапе ќе остане во Париз најмалку уште една сезона, во која ќе се обиде да освои што е можно повеќе трофеи.

„Мојата цел е да бидам дел од овој проект и во блиска иднина. Во новата сезона сакам да освојам што е можно повеќе трофеи бидејќи ќе биде посебна за навивачите и клубот, славиме 50 години од формирањето на ПСЖ. Во секоја прилика ќе го давам мојот максимум и ќе се погрижам следната сезона да биде посебна“, истакна брзоногиот Мбапе.

Светците по службен пат ја добија титулата во Лига 1, со оглед на тоа дека не се доигра сезоната, но и беа фаворити да го одбранат трофејот бидејќи имаа голема бодовна разлика во однос на останатите екипи. Летово ќе атакуваа уште на три фронта, треба да ги доиграат финалињата во француските купови против Лион, односно Сент Етјен, додека во Лигата на шампионите ги очекува четвртфинална пресметка против Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести