Мбапе ќе добие 150 милиони евра од Реал Мадрид само за потписот

Килијан Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Иако ова уште не е официјално потврдено, речиси е јасно дека францускиот репрезентативец ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Според пишувањата, Мбапе веќе се согласил и потпишал петгодишен договор со Кралскиот клуб. Според реномираниот Би-би-си, фудбалерот само поради потписот ставен на договорот со Реал ќе добие бонус од 150 милиони евра. Покрај овие пари, Мбапе во следните пет сезони ќе заработи над 75 милиони евра (плата од 15 милиони евра по сезона).

На Мбапе треба да му припадне дресот со бројот 10, кој сега го носи Лука Модриќ. На хрватскиот интернационалец му истекува договорот во јуни и на тој начин ќе се ослободи дресот со бројот 10 и ќе му припадне на Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести