Кристијано Роналдо во 2013 година постигна 59 гола за Реал Мадрид. Тоа е рекорден број голови што еден играч на овој клуб го постигнал во календарска година. Роналдо пред и по тоа време се натпреваруваше само со самиот себе, па така ја држеше и листата од второто до десеттото место на најдобрите стрелци на Реал во една година.
Се чинеше дека годишниот рекорд на Роналдо во Реал е недостижен, но потоа дојде Килијан Мбапе. Со два гола против Атлетик Билбао синоќа, тој го урна Топ 5 на Роналдо на вечната листа.
Мбапе со 55-те гола што ги постигна годинава за Реал се наоѓа на четвртото место. Првите три места, како и од петтото до десеттото место, сѐ уште ги држи Кристијано Роналдо.
Французинот може да го надмине Португалецот и да стане најдобриот стрелец во историјата на Реал во една година. Со оглед на неговиот просек, многу е изводливо Мбапе до крајот на 2025 година да стане играч со најмногу голови во една календарска година во историјата на Реал. Почетокот на последниот месец од годината го најде Мбапе само на четири гола до рекордот на Роналдо. Му остануваат уште пет натпревари за да го надмине. За тоа му се потребни уште пет гола.
Најмногу голови на играчи на Реал во една календарска година
Кристијано Роналдо, 2013 – 59 гола
Кристијано Роналдо, 2012 – 58 гола
Кристијано Роналдо, 2014 – 56 гола
Килијан Мбапе, 2025 – 55 гола
Кристијано Роналдо, 2015 – 54 гола

