Мбапе не му дозволи на Меси да направи хет-трик

Килијан Мбапе постигна гол на неговиот можеби последен гостински натпревар во дресот на Пари Сен Жермен. Мбапе погоди од пенал за 4-0 против Монпелје, и спречи потенцијално прв хет-три на Лионел Меси како член на Светците.

Меси даде два гола, но кога беше досуден пенал, Мбапе ја зеде топката. Меси одигра одлично, 15-та сезона по ред има над 10 гола и асистенции, но против топ 5 екипите во Франција го немаше никаде (0 голови и 1 асистенција).

- Оглас -

Најнови вести