Мбапе: Од Модриќ можам да научам како се освојува Златна топка

Хрватска и Франција вечерва ќе играат на „Пољуд“ во Сплит во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на нациите. Во двете репрезентации лидерската улога ја имаат двајца фудбалери на Реал Мадрид.

Ветеранот Лука Модриќ уште е алфа и омега во селекцијата на Хрватска, а Килијан Мбапе е главен адут на Франција. Интересно е дека Мбапе повеќе од половина година нема играно за Галските петли.

„Најважно е што сега повторно сум во националниот состав. Во добра форма сум и се надевам дека ќе му помогнам на тимот во овие два меча против Хрватска. И кога не бев во составот, се слушав со соиграчите. За нас заедништвото е најважно. Хрватска го има Лука Модриќ. Од него можам да научам како се освојува Златна топка“, рече Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести