Мбапе одлучи: Ништо од нов договор со ПСЖ, Мадрид му е следна дестинација

Денот по својот нов блесок и тоа против Баерн среде Минхен, Килијан Мбапе наводно донесе одлука околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а ПСЖ не е клубот каде што се гледа во иднина.

Мбапе ја информирал управата на Светците дека нема да го продолжи договорот кој му истекува во летото 2022 година, а дека очекува да направи трансфер во Реал Мадрид. Иако изминативе месеци се вршат напори за ПСЖ да ги осигура потписите на Нејмар и Мбапе на најмалку уште четири години, ѕвездата на Франција веќе не се гледа како дел од тимот на Парижаните.

На францускиот првак му преостанува да одлучи дали ќе го продаде Мбапе ова лето и да заработи, или пак да ризикува да го пушти својот најдобар фудбалер како слободен играч идната година.

Според шпанските медиуми, Реал веќе има подготвено понуда од 150 милиони евра и чека на прилика да ги отвори преговорите со Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести