Мбапе, Жиру, Модриќ, Крос, Нојер, Жоржињо, од денеска смеат да преговараат со други клубови

Долга е листата на фудбалски ѕвезди на кои договорите им истекуваат летово, а тоа значи дека од денеска тие смеат да преговараат со други клубови.

Деновиве веројатно пак ќе се реактивира сагата околу Килијан Мбапе кој нема продолжено договор со ПСЖ и од денеска смее да преговара заминување од Париз како слободен играч. Се шпекулира дека Реал Мадрид уште денеска ќе испрати понуда до него, и дека ќе му даде рок од 15 дена да даде одговор и тоа во писмена форма, за да не се случи Кралскиот клуб да извиси како преклани кога напаѓачот им даде збор дека ќе им се придружи, но се премисли во последен момент.

Од голманите, слободни агенти по завршувањето на сезонава стануваат чувари на мрежа како Нојер, Руи Патрисио, Кејлор Навас и Мерет, од дефанзивците нови клубови веќе смее да си бараат Спинацола, Бонучи, Ван Бисака, Савиќ, Серхио Рамос, Хумелс, Кимпембе, итн.

Клубовите летово може бесплатно да добијат засилувања во средниот ред од типот на Модриќ, Крос, Жоржињо, Рабио, Ројс, Зјелински, Ракитиќ, Иско, Коке, Вилијан, Перишиќ, Деле Али, Алкантара, и други.

Французите Мбапе и Жиру се најопасните напаѓачи кои од денеска може да си договорат трансфер, а во таква ситуација се и Марсијал, Антонио, Велбек, Бен Једер, Јовиќ, Алексис Санчес, Мхитарјан, Чупо Мотинг.

- Оглас -

Најнови вести