Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не е задоволен од неговиот прв натпревар со тимот во Ла Лига. Францускиот репрезентативец го коментираше ремито на европскиот клупски шампион во натпреварот од првото коло, на гостински терен против Мајорка, кој заврши 1-1.
„Ова не е добар резултат за Реал Мадрид, Но, главите горе и да се фокусираме на следниот натпревар, да бидеме подготвени за тоа што следи. Напред Мадрид“, напиша Мбапе на социјалните мрежи.
Во следното коло, шампионот на Ла Лига ќе игра пред домашната публика против Ваљадолид. Натпреварот е закажан за 25 август.
Дваесет и петгодишниот Килијан Мбапе дебитираше со гол во дресот на Реал, во натпреварот од Суперкупот на Европа против италијанскиот калолигаш Аталанта во средината на минатата седмица.