Меч кој ќе сруши неколку рекорди

Интер и Јувентус утревечер ќе играат во големото дерби на Италија. Нераѕурите одлично ја започнаа сезоната и имаат перфектни шест победи во шест меча, што ги прави лидери во Серија А. Јувентус има само едно реми и е на два бода зад големиот ривал. Токму овие два клуба се очекува да бидат главни ривали во трката за титулата во Италија, каде веќе осум години доминира Старата дама.

Дербито се игра на „Џузепе Меаца“, а се очекува стадионот да биде исполнет до последно место. Тоа значи дека ќе има преку 75.000 гледачи. Само од продадени билети, Интер ќе заработи рекордни 6,5 милиони евра. На трибините се очекува да има навивачи од повеќе од 100 различни земји, бидејќи повеќе од 20 отсто од билетите се купени од странци.

Пренос од дербито ќе има на 40 различни канали, а ќе биде пренесувано во повеќе од 200 земји во светот, што значи дека речиси секој ден од планетата ќе биде покриен со телевизиски пренос од Дербито на Италија.

Ривалитетот меѓу Интер и Јувентус започна пред 110 години, кога во ноември 1909 година беше одигран првиот дуел меѓу овие два клуба, а Јувентус победил со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести