Вулверхемптон и Њукасл освоија по еден бод во меѓусебниот меч, во рамките од 6. коло на Премиер лигата. Домаќините ја имаа фаворитската улога, но сепак традицијата беше поинаква и едноставно преовлада на овој меч.
Волците поведоа со 1:0 во 80 минута со голот на Раул Хименес, но Њукасл не се предаде и преку Јакоб Марфи во 89 минута израмни на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Овој резултат веќе е како и нормален кога играат овие две екипи.
Во последните 11 меча на овие две екипи во Премиер лигата дури осум биле без победик, а седум завршиле со резултат 1:1. Нема други две екипи во Англија што повеќе пати одиграле со ист резултат во толку краток број натпревари.
ПОСЛЕДНИ 11 ПРЕМИЕРЛИГАШКИ ДУЕЛИ НА ВУЛВЕРХЕМПТОН И ЊУКАСЛ
25.10.2020 Вулверхемптон – Њукасл 1:1
11.01.2020 Вулверхемптон – Њукасл 1:1
27.10.2020 Њукасл – Вулверхемптон 1:1
11.02.2019 Вулверхемптон – Њукасл 1:1
09.12.2018 Њукасл – Вулверхемптон 1:2
25.02.2012 Њукасл – Вулверхемптон 2:2
01.10.2011 Вулверхемптон – Њукасл 1:2
02.04.2011 Њукасл – Вулверхемптон 4:1
28.08.2010 Вулверхемптон – Њукасл 1:1
09.05.2004 Њукасл – Вулверхемптон 1:1
29.11.2003 Вулверхемптон – Њукасл 1:1