Меч од купот на Бразил требаше да се игра без публика, но на трибините имаше две мачки

Сантош беше казнет со два меча играње дома без публика, па синоќа во куп дуелот со Игуату славниот клуб ја одработуваше казната, но само делумно.

На трибините имаше посетители, но не луѓе, туку две мачки. Мачките беа снимени на столчињата пред почетокот на мечот.

Домашните победија со 3-0, а задоволството во живо од трибините да го гледаат дуелот имаа само мачките.

 

- Оглас -

Најнови вести