38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Меч решен во последната секунда, Данска ја победи Шведска

Репрезентацијата на Данска се пласираше во полуфиналето на ракометниот турнир на ЛОИ во Париз. Во драматичен меч, Данска минимално со 32:31 ја победи Шведска.

Швеѓаните први поведоа со два гола предност, но потоа Данска заигра многу подобро и во еден момент стигна до предност од четири гола (10:6). Сепак ова водство кратко траеше, а Швеѓаните со агресивна игра стигнаа до 16:16 на полувреме.

Во второто полувреме најчесто се играше гол за гол, а Данска во финишот стигна до два гола предност од 32:30.

Потоа Шведска погоди, а на спротивната страна Хансен промаши пенал за Данска, па драмата продолжи до последниот напад на Шведска. Бергендал шутираше, а Нилсен одбрани и Данска победи и се приклучи на Шведска и Германија во полуфиналето на Игрите.

- Оглас -

Најнови вести